Екипата на Младост Богданци славеше на последниот пријателски натпревар пред стартот на Суперлигата.
Избраниците на Мите Стоилов славеа убедлива победа над прволигашот Вардар Неготино со убедливи 40-22.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Банцалиски со шест голови, по пет дадоа Стоилов и Лупаско, а четири постигна Павиќ.
Суперлигата ќе започне на 11 септември со натпреварите од првото коло, додека две седмици подоцна ќе стартува и прволигашката конкуренција.