Поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски по заминувањето од Металург настапуваше една полусезона за Хановер, а веќе ја игра петтата сезона во бундеслигашот Вецлар.
Тој ќе го продолжи престојот во оваа екипа и следната сезона, но освен како играч ќе биде активен и како помошник тренер.
Медиа тимот на Вецлар направи кратко интервју со нашиот среден бек, во кое тој откри дека неостварена желба му е да стане шампион на Германија.
- Кој е твојот омилен актер?
„Расел Кроу, во филмот Гладијатор или Робин Худ“. - Дали свириш на некој инструмент?
„Можам да свирам на гитара“. - Што сакаш да правиш во слободното време?
„Навистина сакам да играм на плејстејшн“. - Кој е твојот најдобар ден во вашиот живот?
„Ова е тешко, имав многу добри денови. Сите денови со моето семејство се одлични“. - Која е твојата најголема желба?
„Да станам шампион на Германија“. - Каде сакате да патувате?
„Во Костарика, има и море и многу природа, би сакал да одам таму“. - Што сакаш да правиш со семејството?
„Сакам да одам на игралиште со моите деца“.