Еден од најдобрите ракометари од Франција, Лук Абало и покрај најавите дека може да ја заврши кариерата на крајот од оваа сезона и тоа на 35 години, сепак, постои опција тој да остане активен односно да заигра за друг клуб.
„Мислев дека ќе ја завршам кариерата откако ќе ми престане договорот со тимот на ПСЖ“, беше коментарот на Абало за француските медиуми.
Сепак, новите изјави потврдуваат дека е отворен за понуди, со цел да ја продолжи својата кариера, а засега нема информации кои клубови би сакале да го видат во своите редови искусното десно крило.
„Ако многу голем клуб од Европа разговара со мене и достави интересна понуда и добри услови зошто да не. Како и секогаш отворен сум за понуди од Бундес лигата, но… Би се обидел и во сосема друга земја со поинаква култура. Дури и за помала плата би играл во Јапонија или јужна Кореја. Сакам да комуницирам со друга култура и да видам како е да се игра таму. Едноставно би акал да се обидам“, изјавува Абало.
Тој демантира дека би можел да се пресели во тимот на Монпелје и најголема е веројатноста на крајот од оваа сезона да ја напушти Франција и да игра во друга земја.