Со почетокот на вториот дел од сезоната во Женската лига дојдоа нови интересни натпревари, а нема ништо ново ниту на листата на стрелците бидејќи ракометарката која заврши на првото место после есенскиот дел останува лидер.
Анастасија Николовска од Чаир постигна дури 14 гола во првото пролетно коло и на тој начин ја зголеми предноста пред Анчева која со Пелистер беше слободна на стартот.
Најефикасните десет ракометарки после 14. коло можете да ги видите во продолжение.
ЖЕНСКА ЛИГА
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
ТОП 10 (ПОСЛЕ 14. КОЛО)
132 – Анастасија Николовска (Чаир)
116 – Марија Анчева (Пелистер)
113 – Ивана Блажевска (Кузман Вардар Илинден)
96 – Магдалена Делиоска (Стружанка)
94 – Ангела Цветановска (Ѓорче Петров)
83 – Мартина Стефанова (Спартак)
77 – Јасмина Попова (Гевгелија)
77 – Андреа Седлоска (Вардар)
74 – Марија Николовска (Чаир)
71 – Јана Калајџиевска (Металург)