КУП НА МАКЕДОНИЈА: Познати осминафиналните групи, завршниот турнир на 16 и 17 мај

Кон крајот на февруари ќе стартува новото издание на Купот на Македонија со натпреварите во кои ќе играат прволигашите.

Денеска во РФМ беше одржана ждрепката за четирите групи од осминафиналето, а беше воведен и еден бараж натпревар за  влез во осминафиналето, со оглед на тоа што има 17 екипи оваа сезона во Првата лига. На тој дуел ќе се соочат двете последнопласирани екипи од двете групи во Првата лига.

Победникот од овој бараж дуел ќе игра во осминафиналната група 3, а победниците од сите осминафинални групи ќе играат во четвртфиналните групи, заедно со 12 екипи од Суперлигата.

Најдобрите пак од четвртфиналните групи, ќе обезбедат место на завршниот турнир кон средината на мај.

КУП НА МАКЕДОНИЈА:

26/27 февруари, бараж натпревар

БОРЕЦ – ТЕКСТИЛЕЦ

29 февруари/1 март, осминафинални групи

Група 1
МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КЛ7
РИНИА – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА

Група 2
АЛУШОВСКИ – ПРЕСПА
МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ТИКВЕШ

Група 3
ВАРДАР  НЕГОТИНО – КУМАНОВО
БОРЕЦ/ТЕКСТИЛЕЦ – АСТРАИОН

Група  4
ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – ПРИЛЕП
АЕРОДРОМ – ЈЕХОНА

11/12 април, четвртфинални групи

16/17 мај, Ф4