Најамбициозниот женски клуб во Македонија, Куманово го прошири стручниот штаб пред стартот на новата сезона.
Кумановки, кои од клупата ги предводи Ненад Краљевски, во стручниот штаб доби уште еден член.
Станува збор за Сашо Божиновски, професор по физичка култура, кој ќе работи со голманките на македонскиот претставник во ЕХФ Купот.
Божиновски претходно работеше во сите селекции на Габон, а беше дел и од машкиот тим на Куманово.