Тимот на Хановер, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, освои само бод на гостувањето кај Тусем Есен во 10. коло од Бундес лигата.
Хановер како фаворит патуваше на ова гостување и во текот на првиот дел имаше огромна предност од плус седум, 5-12. Сепак на пауза заминаа само со предност од два гола, 12-14.
Во финишот исто така избраниците на Ортега имаа плус два, 24-26, но упорните домаќини во последната секунда израмнија на 26-26 и освоија бод.
Кузмановски на овој натпревар постигна еден погодок од четири погодоци, а најефикасен беше Мартин Ване со шест гола.