Навивачите на Вардар, Комити, за првпат оваа сезона организирано ќе се појават на трибините во СЦ „Јане Сандански“.
Македонскиот првак го игра вториот натпревар од Лигата на шампионите против Мешков Брест и ќе ја има поддршката од публиката.
Тренерот Вујовиќ и капитенот Стоилов ги повикаа навивачите да ги бодрат во сала, а тие се огласија на социјалните мрежи и најавија присуство во сала.
Билетите за натпреварот против Мешков Брест се веќе во продажба, а ќе може да се купат и на денот на натпреварот пред салата.
Дозволено ќе биде да присуствуваат 1.800 лица на дуелот што започнува утревечер од 20:45 часот.