Кил и Елверум дадоа 77 гола, но бодовите останаа во Германија

Во натпревар со дури 77 погодоци, ракометарите на Кил ја остварија втората победа во новата сезона во Лигата на шампионите, откако на свој терен беа подобри од Елверум со 41:36. Потешко од очекуваното, Кил дојде до освојување на бодовите бидејќи претставникот од Норвешка на денешниот дуел даде голем отпор.

Елверум направи изненадување и водеше речиси во текот на целиот дел од првото полувреме. Тимот од Норвешка до првата половина од првото полувреме имаше константно предност од три до четири гола. Поранешниот европски првак го скрши отпорот во 18. минута кога израмни на 13:13 и од тој момент на теренот се играше гол за гол.

Иако составот на Елверум имаше шанса да замине со гол предност на полувреме, сепак, екипата на Кил успеа да го израмни резултатот за конечни 20:20 по 30 минути игра.

Во вториот дел, Кил успеа да воспостави резултатска контрола на теренот. За прв пат на натпреварот, во 31. минута успеа да поведе и до самиот крај не дозволи да се случи изненадување пред своите фанови.

На моменти, Елверум намалуваше дел од водството на противникот, се надеваше на можен камбек, додека поискусните ракометари на Кил не оставија никаков простор за сензација.

Најефикасен во редовите на Кил беше репрезентативецот на Норвешка, Харалд Рајнкинд со седум гола од осум обиди. Прв стрелец во Елверум беше Ерик Јохансон, кој имаше исти бројки со Рајнкинд.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МОНПЕЛЈЕ861113
2ПИК СЕГЕД852112
3КИЛ851211
4АЛБОРГ850310
5ЕЛВЕРУМ83238
6ВАРДАР 196182155
7ППД ЗАГРЕБ81254
8МЕШКОВ80171