Тимот на Келце го одигра натпреварот од полскиот шампионат пред средбата со Вардар во Лигата на шампионите.
Момците на Талант Душебаев без Карачиќ, Јуркевич, Пеливан, Лијевски и Агиганагалде, славеа над Заглебје Лубин со убедливи 36-24.
Најдобри стрелци беа пивотменот Гуијо и десното крило Блаж Јанц со по шест погодоци, додека по четири дадоа Вујовиќ, Даниел Душебаев, Кулеш и Сургиел.
Келце ќе гостува кај Вардар в сабота од 17:30 часот во рамките на 7. коло во ЛШ.