Келце му одржа лекција на Флензбург и го испрати со полна мрежа за Германија

Шампионот на Полска, Келце на домашен терен неочекувано многу лесно дојде до нови бодови откако беше убедлив против Флензбург со 37:29 во рамките од 4. коло од Групата Б во Лигата на шампионите.

Уште од самиот почеток избраниците на Талант Душебаев доминираа на теренот. Почетните 3:0 и 4:1 беа знак дека гостинот од Германија го очекува тежок натпревар во борбата за освојување на бодови.

Расположени за игра во составот на Келце беа главните ракометари, тоа беше и главна причина за нивно високо водство од 8:3 по десет минути игра. До крајот на првото полувреме, Флензбург не знаеше како да го запре налетот на домаќинот кој не дозволуваше никакво опуштање во своите редови.

Келце на полувреме замина со предност од пет гола разлика, 21:16. Иако гостинот очекуваше дека работите радикално ќе се променат во нивна корист во второто полувреме, сепак, домаќинот рутински го одржуваше своето стекнато водство од првиот дел.

При резултат 29:21 за Келце во 45. минута, јасно беше дека победата ќе ја освои екипата на Талант Душебаев. До самиот крај, Флензбург не успеа да намали дел од негативата и за Германија си заминува со минус осум гола разлика.

Одлична партија во дресот на Келце прикажа репрезентативецот на Полска, Симон Сичко, кој имаше 100% реализација, а постигна девет гола. Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ постигна три гола во мрежата на Флензбург. Во поразената екипа, Арон Ханс беше најефикасен со девет гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛБОРГ11002
2КЕЛЦЕ11002
3БАРСА11002
4ПИК СЕГЕД11002
5МАГДЕБУРГ10010
6КОЛСТАД10010
7НАНТ10010
8ППД ЗАГРЕБ10010