Илија Абутовиќ заминува од Рајн Некар

Некогашниот ракометар на Вардар, Илија Абутовиќ, на лето ќе си замине од тимот на Рајн Некар Левен.

По четири години играње во Бундес лигата, специјалистот за одбрана, нема да ја продолжи соработката со „лавовите“.

Тој потекнува од Врбас, играше за Спартак Суботица и Партизан, па словенечкиот Слован Љубљана, пред да дојде во Вардар во 2011 година и да стане легенда на клубот.

Беше дел од генерацијата на македонскиот тим што ја освои првата титула во Лигата на шампионите пред да замине во Германија.