Еурофарм Пелистер со триумф над Бутел се загреа за Магдебург

Во 3. коло од плеј-оф конкуренцијата во Супер лигата Еурофарм Пелистер беше домаќин на екипата на Бутел Скопје. Битолскиот тим славеше сигурна победа со 28:23.

Почетокот на натпреварот беше клучен за конечниот победник, Еурофарм Пелистер во првите пет минути поведе со 5:0 и создаде одлична залиха која беше доволна во продолжението за нови бодови.

Бутел во текот на првото полувреме успеа да ја намали негативата, постојано беше во заостанување два или три гола за во 29. минута да стигне и на минус еден. Сепак на полувреме домашниот тим имаше водство 13:11.

Еурофарм Пелистер – Бутел

Почетокот на второто полувреме повторно им припадна на ракометарите на Жељко Бабиќ, со серија од 5:1 уште еднаш се одлепија на сигурна позитива. Еурофарм Пелистер лесно го котролираше натпреварот, во неколку наврати дозволуваше Бутел да се доближи но веднаш се враќаше на сигурно водство.

До крајот на натпреварот битолскиот состав одигра рутински и стигна до сигурна победа. Со овој триумф Еурофарм Пелистер го задржа максималниот ефект после две одиграни кола. За одбележување е големиот број на исклучувања во домашниот тим, односно вкупно осум, а Милорад Кукоски го заврши натпреварот во 58. минута заради трето исклучување.

28 - 23
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1328Победа
БУТЕЛ1123Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек03
3Гоце Ојлескилево крило13
4Никола Маркоскипивот01
6Бојан Маџовскилево крило00
7Дејан Кукуловскилев бек10
9Стипе Мандалиниќлев бек08
13Мирко Радовиќдесен бек11
14Марио Танкоскицентрален бек00
16Благојче Трајкоскиголман00
18Јосип Периќцентрален бек12
19Ненад Костескидесно крило03
21Градимир Чаневскиголман00
24Милорад Кукоскилев бек30
30Мартин Велковскидесен бек02
59Елмир Граџанпивот03
66Милан Ѓукиќдесно крило02
 Вкупно 728

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
6Јовица Младеновскилев бек00
7Томче Стојановскилев бек00
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек01
9Марко Божиновскилево крило01
10Марко Митевцентрален бек03
13Едвин Омерагиќлев бек00
15Златко Мојсоскидесно крило01
17Бојан Спасовскидесен бек00
18Христијан Милошевскилев бек03
23Горан Печенковскицентрален бек01
24Златко Даскалоскиголман01
26Душан Трифковиќ-05
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќ-15
34Кристијан Василевскипивот00
64Мирко Мајиќлево крило02
 Вкупно 123

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
ЈАНЕВСКИ ЉУПЧО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3ПРОЛЕТ1471622
4МЕТАЛУРГ1462620
5БУТЕЛ1453618
6ОХРИД1443715
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21412115
8СТРУГА1403113