Еурофарм Пелистер не издржа, водеше 40 минути, но претрпе пораз во Загреб

Екипата на Еурофарм Пелистер имаше две различни полувремиња на гостувањето во Загреб, но се враќа од овој дуел со пораз од 23:26.

Ракометарите на тимот од Битола имаа одлично прво полувреме во кое го диктираа темпото и постојано беа во предност. Одработија подобро и во нападот и во одбраната така што од стартот практично имаа игра која ги водеше кон позитива.

Иако испитувањето на силите практично траеше 10-12 минути, сепак, после 4:4 во овој период дојде до промена на ритамот и Еурофарм Пелистер поведе со 6:4, а овие два гола се одржуваа, па после 20минути игра предноста беше и три гола, 11:8.

Домашните не можеа да следат, а тоа овозможи составот на Еурофарм Пелистер да замине на одмор со предност од 14:11.

Овој резултат беше најава за убав епилог на гостувањето во Загреб, а така наликуваше и после 16:11 во 33. минута. Сепак, кога се очекуваше да биде засилен ритамот и да се влезе во завршницата уште појако дојде до пад. Од 17:12 во 36. минута во 43. минута се дојде до 17:17.

Матеј Ашанин беше играчот кој создаде разлика бидејќи почна да брани одлично и да запира зицер ситуации. Ова овозможи ППД Загреб да го сврти мечот и да го однесе во завршница во која лесно се снајде против Еурофарм Пелистер. Ракометарите на тимот од Битола беа во пад и тоа резултираше со пораз од 23:26.

26 - 23
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ППД ЗАГРЕБ1126Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1423Пораз

ППД ЗАГРЕБ

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Марин Шипиќпивот00
4Филип Висторопцентрален бек04
5Лука Мраковчиќцентрален бек04
7Давид Мандиќлево крило00
8Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило03
9Лука Ловре Кларицадесен бек03
10Сењамин Буриќпивот05
12Тодор Јандриќголман00
14Немања Обрадовиќцентрален бек12
16Матеј Ашанинголман00
23Иван Лаљекцентрален бек01
24Владо Матановиќдесно крило11
33Валентино Равниќлево крило01
44Матеј Хрстиќлев бек02
55Чаба Лајметердесен бек10
71Никола Граховацпивот00
 Вкупно 326

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек03
3Гоце Ојлескилево крило00
4Мартин Велковскидесен бек13
7Дејан Кукуловскилев бек12
9Стипе Мандалиниќлев бек00
11Невен Стјепановиќдесен бек02
13Мирко Радовиќдесен бек01
14Марио Танкоскицентрален бек00
16Благојче Трајкоскиголман00
18Јосип Периќцентрален бек27
19Ненад Костескидесно крило01
21Градимир Чаневскиголман00
24Милорад Кукоскилев бек00
59Елмир Граџанпивот04
66Милан Ѓукиќдесно крило00
 Вкупно 423
ПозЕкипаНПРЛБ
1ППД ЗАГРЕБ431010
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР53029
3ТАТРАН62137
4МЕТАЛОПЛАСТИКА51043