Европски куп: Еден гол пресуди, Слобода на Зоран Кастратовиќ елиминирана

Денес на програмата беа 12 дуели во рамките од Европскиот куп, а елиминација доживеа екипата на Слобода Тузла откако во реванш натпреварот против Драма беше поразена со 17:24.

На првиот дуел, избраниците на Зоран Кастратовиќ триумфираа со 29:23 и во меѓусебниот скор, Драма постигна еден гол повеќе, па грчкиот претставник оди во второто коло од Европскиот куп.

За разлика од Слобода, вториот претставник од БиХ во Европскиот Куп, Слога од Добој обезбеди пласман во второто коло. Ракометарите на Слога на реваншот против Вилјанди стигнаа до победа од 25:23. Првиот натпревар помеѓу екипите од БиХ и Естонија заврши со нерешен резултат, 20:20.

Во второто коло се пласираа уште Баја Маре, Бекелагет, Зубри, Алингсас и Бејкоз. Останатите учесници ќе се знаат по комплетирањето на реванш натпреварите.

ЕВРОПСКИ КУП – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

ЛОКОМОТИВ – БАЈА МАРЕ 33:21 ( 9:16)

КОПРИВНИЦЕ – СЕЛФОС 25:31 (12:19)

БЕКЕЛАГЕТ – МОТОР ПОЛИТЕХНИКА 32:20 (15:15)

ЗУБРИ – АПОЕЛ 40:11 (23:1)

МЕТАЛОПЛАСТИКА – АЛИНГСАС 30:24 (14:16)

ТРЕПЧА – МК ХОЛОН 22:29 (12:14)

ПИЛАЈАС – ДУКЛА ПРАГА 28:37 (10:19)

САСАРИ – ДУДЕЛАНЖ 29:21 (14:9)

БЕЈКОЗ Б. – ХУРИ АП 30:33 (17:14)