Прволигашот Драчево пред стартот на натпреварите во новата сезона ја комплетираше голманската тројка.
Друштво на Борче Ангеловски и Никола Кизиќ, ќе има прави млад и перспективен голман, Филип Христов.
18-годишниот чувар на мрежата доаѓа од младинската екипа на суперлигашот Пролет, а во Драчево ќе има простор да ги докаже своите квалитети.
Во првото коло претстојниот викенд од прволигашката конкуренција, составот на Драчево ќе се соочи со Работнички на гостински терен.