После вчерашниот дуел меѓу Вардар и Татран Прешов денеска следуваат нови пресметки во СЕХА лигата со кои натпреварувањето влегува во завршна фаза.
Денеска се играат натпревари во двете групи. Во Белорусија составот на Мешков Брест ја пречекува екипата на Металопластика и тука домашните влегуваат со улогата на фаворити, додека во Украина тимот на Мотор ќе биде во предност против Војводина.
Гостите од Нови Сад имаа проблеми и со летот, па дури денеска треба да пристигнат во Украина така што заморот ќе биде дополнителен проблем.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
10:00ч
ЈАПОНИЈА – ШПАНИЈА (Светско првенство за жени)
12:30ч
ШВЕДСКА – РОМАНИЈА (Светско првенство за жени)
17:15ч
МЕШКОВ БРЕСТ – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СЕХА лига)
18:00ч
БАЛАТОНФУРЕДИ – ЕГЕР (Куп на Унгарија)
ЗАБЖЕ – КЕЛЦЕ (Полска Супер лига)
18:30ч
АРХУС – НОРДСЈИЛАНД (Данска 1)
ГРАНИТАС КАУНАС – ГРИФАС (Литванија 1)
19:00ч
МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – ВОЈВОДИНА (СЕХА лига)
ОРОШАЗИ – ТАТАБАЊА (Куп на Унгарија)
САВЕХОФ – ВАРБЕРГ (Шведска 1)
20:00ч
ГРАЊОЛЕРС – ЛА РИОХА (Шпанија Асобал)
20:30ч
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕСПИНА (Македонија, Женска лига)