Две екс вардарки по титула во ЛШ

Денес со натпреварот меѓу екипите на Ѓер и Вајперс Кристијансад ќе започне Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

На завршницата во Будимпешта ќе настапат двете екс членки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, кои го носат дресот на Ференцварош

Екипата на Ференцварош, која откако е воведен новиот формат во Лигата на шампионите, односно создаден Ф4 турнирот, направи историски успех со самиот пласман на завршницата.

Тимот на Лекиќ и Цвијиќ за ривал во полуфиналето го има незгодниот состав на Есбјерг од Данска.

Актуелен бранител на титулата е Вајперс Кристијансад, кој во ланското финале го совлада Ѓер со 33:31. Норвешкиот шампион двапати по ред е на европскиот трон и сега ќе се обиде да стигне до трета европска титула.

Лига на шампиони – жени, полуфинале

15:15 Ѓер – Вајперс Кристијансад

18:00 ФТЦ – Есбјерг

Финалето, како и натпреварот за трето место ќе се одиграат во текот на утрешниот ден.