Гурбиндо ќе пропушти дел од подготовките на Вардар

Најзвучното засилување за македонскиот шампион Вардар во пресрет на новата сезона е шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо.

Тој нема да се појави на стартот на подготовките на „црвено-црниот“ тим на 15 јули, бидејќи ќе биде во ростерот на репрезентацијата на Шпанија за Олимписките игри во Токио.

Десниот бек се најде меѓу 18 патници за Токио што ги одреди шпанскиот селектор Жорди Рибера. Интересно е што Гурбиндо ќе ја дели позицијата со уште двајца поранешни вардарци, Хорхе Македа и Алекс Душебаев.

Шпанија ќе одигра две пријателски средби со Португалија пред заминувањето за Јапонија, на 8 јули во Камиње и на 10 јули во Виго.

На ОИ, Шпанија ќе биде дел од групата A заедно со Норвешка, Германија, Франција, Бразил и Аргентина. Дуелите по групи се од 24 јули до 1 август, а четвртфиналето, полуфиналето и финалето до 7 август, па во најдобар случај Гурбиндо би им се приклучл на вардарци на турнирот во Струга (11-14 август) или пред турнирот во Магдебург на (21-22 август)