Ракометарите на Нант кои после две гостувања кај Монпелје и Алборг требаше да играат на домашен терен против Трембле, но овој натпревар е одложен.
Според информациите има позитивен наод на Ковид 19 кај еден ракометар, а самиот ракометар тоа го објави на својот инстаграм профил.
Се работи за Едуардо Гурбиндо, кој е во карантин, па останува да се види што ќе се случува и сонеговите колеги, кои ќе мораат на тестирање. Инаку, вчера Нант објави дека има двајца позитивни ракометари, но само Гурбиндо јавно си објави дека тој е играчот кој мора да седи дома со неговиот партнер „Ковид“.
Медицинската комисија на најсилната лига во Франција го одложи натпреварот против Трембле бидејќи така налага правилникот за организација на натпревари.