Голема борба на „мечки“ и „лавови“

Ракометарите на Чеховски Медведи обезбедија минимална предност од првиот дуел во четвртфиналето од Лигата на Европа против Рајн Некар откако на домашен терен пред своите гледачи славеа 33:32.

„Мечките“ добро отворија со 3:0, но гостинскиот тим веднаш возврати и го презема водството. Од резултат 3:4 Рајн Некар го контролираше резултатот во продолжението на првото полувреме. Бундес лигашот имаше највисоки шест предност во првиот дел, а по 30 минути беше 15:19.

Во продолжението Чеховски Медведи после голема борба успеа да го сврти резултатот. Најпрво со серија од 4:0 израмни рускиот тим, а добрата игра продолжи до крај на натпреварот. Домаќините можеа да стигнат и до поубедлива победа, но Рајн Некар не дозволи и од минус четири во завршницата намали на само еден негатива.

Најзаслужен за победата на Чеховски Медведи беше Александер Котов со 13 погодоци, а Роман Осташенко постигна седум гола. Павленко на голот имаше добро издание со 14 одбрани. Во тимот на Рајн Некар, Андре Шмид беше најефикасен со седум гола, а Колбахер и Толбринг постигнаа по шест.