Голден Арт стартува со подготовки на 4 август, ќе доцнат Ѓорговски, Димовски, Стојковиќ…

Тимот на Голден Арт КЛ7 со нов стручен штаб и неколку промени во играчкиот состав, на 4 Август, ќе ги стартува подготовките за новата сезона во Првата лига.

Според планот на тренинзи на новиот шеф на стручниот штаб, Никола Матлиески, подготовките ќе се реализираат во две фази. На стартот на подготовките кои ќе се реализираат во Скопје ќе се тренира на подигање на физичката издржливост, тренинзи во фитнес центар и во сала, додека во втората фаза е предвидено да се одиграат повеќе пријателски натревари со суперлигашки екипи.

Исто така, веќе договрено е учество на меморијалниот турнир во чест на ракометната легенда Миле Нешковски кој од 31 август до 2 септември ќе се одржи во Прилеп.

На стартот на подготвоките во составот на ќе недостасуваат младите Ѓорговски, Димовски, Илиески, Ерманоски и Стојковиќ кои имаат репрезенатитвни обврски со кадетската репрезентација и планирано е да се приклучат на екипата после 15 Август.

Во првата фаза од подготовките тренерот Матлиески, во тренажниот процес на првиот тим ќе приклучи неколку ракометари од генерацијата 2004/05 давајќи им можност да напредуваат и докажуваат во сенорскиот тим.

Првиот тренинг е предвидено да се одржи во салата во СЦ „Јане Сандански“ во 16:30 часот.