ГОГ со втора победа за 24 часа против Татабања

Ракометарите на ГОГ и Татабања го одиграа вториот меѓусебен натпревар за 24 часа од Лигата на Европа во рамки на групата Д и уште еднаш поуспешни беа ракометарите на тимот од Данска.

ГОГ ја забележа втората победа против ривалот од Унгарија со 30:28, откако вчера во редовниот термин триумфираше со 35:32 во натпревар на кој улогата на домаќин ја имаше Татабања, но се играше во Данска.

Најголемиот дел во првото полувреме се играше израмнето, со минимално водство на страната на ГОГ, но Татабања успеваше да стигне до израмнување. Така беше и на полувремето, а екипите заминаа на одмор со 15:15.

Вториот дел започна со преднсот на Татабања, но ГОГ усепа да ја врати позитивата во своја полза и да стигне до конечна победа. Симон Питлик го предводеше ГОГ со осум гола, додека во составот на Татабања прв стрелец беше Жолт Балог.

Ова беше натпревар од групата каде што игра тимот на Еурофарм Пелистер, а после овој натпревар можете да погледнете и како изгледа табелата.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д (ТАБЕЛА)

ПозЕкипаБ.НПРЛ
1Рајн Некар Ловен1710811
2Кадетен Шафхаузен1410622
3ГОГ1210604
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1110514
5Тримо Требње610307
6Татабања0100010