Веспрем го прекина постот: Слави титула во Унгарија, се радуваше и еден Македонец!

Тимот на Веспрем го прекина двегодишниот пост без титула во домашниот шампионат, откако на денешната мајсторка против ПИК Сегед славеше со 31:26 (12:14).

Клучната разлика Веспрем ја направи во вториот дел кога од негатива од 18:17 стигна до плус три позитива 21:18.

ПИК Сегед во последните десет минути бркаше негатива од два до три гола и во желбата да дојде до камбек, се почесто правеше грешки во нападот.

Одлична партија во новиот шампион на Унгарија имаше Микита Вајлупов со девет гола од исто толку обиди. Кај ПИК Сегед се истакна Александар Блонц со шест реализации.

На освоената титула се радуваше и Димитар Маневски, кој е физиотерапевт во унгарскиот гигант.

Веспрем последен пат беше шампион на Унгарија во сезона 2018/19, додека во последните две сезони титулата ја освојуваше клубот од Сегед.

Во сезона 2019/20 немаше победник, бидејќи беа прекинати сите шампионати поради ковид пандемијата.