Бабиќ распали на прес: Играчите се смрзнуваат и не можат да ја држат топката во раце

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска стартуваше со победа во новата сезона од СЕХА лигата откако со 30:26 го совлада составот на Металопластика во Битола.

Битолчани го остварија планот во резултатскиот дел така што добија два очекувани поени.

После натпреварот на прес конференцијата тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, одлучи да распали и да ги искритикува надлежните.

Она што е добро познато со години е ниската температура во салата и лошите услови за тренирање. Тој ги искритикува сите и им кажа каков е неговиот став така што е сосема јасно дека ќе мора нешто да се смени околу условите доколку се сака успех.

„Треба да упатам порака до раководните лица во Битола. Добро слушнете ме што ви зборувам. Ова не се услови за игра. Истото и го кажувам и на СЕХА лигата и на сите луѓе кои го сакаат ракометот во Македонија. Не сум сигурен дека го сакаат. Денешната температура во салата и условите во кои тренираме не се нормални. Ова не е спорт за 21 век. Ова е порака за сите луѓе во градот кои зборуваат дека многу го сакаат ракометот. Тоа не го покажаа барем на мене како на тренер, ниту на моите играчи кои се смрзнуваат и кои не можат да ја држат топката в раце“, рече Бабиќ на пресот.

Тој упати пофални зборови и до противникот за она што го прикажа на теренот.

„Во подготовката знаевме дека се опасен тим кој е одлично предводен. Знаевме за нивните квалитети, динамика и сет о она што треба да се има во склад со нивните услови. Мислам дека имавме среќа. Ние денеска имавме 14 играчи, па на крајот пресуди подолгата клупа во одлучувачките моменти. Пресуди и индивидуалниот квалитет“, коментираше тренерот на Еурофарм Пелистер.

Следната средба Еурофарм Пелистер ќе ја има дури во февруари, кога продолжуваат средбите од СЕХА лигата. Тогаш ривал на битолчани е ППД Загреб, а натпреварот се игра во Хрватска.

СЕХА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаБ.НПРЛ
1ППД ЗАГРЕБ63300
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР43201
3МЕТАЛОПЛАСТИКА23102
4ТАТРАН03003

Еурофарм Пелистер победнички во јубилејната 10. СЕХА сезона (ФОТО)