Шведскиот интернационалец Андреас Нилсон, како и многу други ракометари, ја искористи паузата меѓу двете сезони да направи свадба.
Тој одамна е во брак со поранешната шведска атлетичарка Еба Јунгмарк, со која веќе има два сина – Лунис и Симон.
По неколку години решија да направат свадбена веселба, а за локација го избраа замокот Јордберга близу до градот Трелеборг.
На свадбената веселба беа присутни многу негови актуелни и поранешни соиграчи од унгарскиот Веспрем меѓу кои Цупара, Коралес, Тонесен, Благотиншек, Јахја, Мае, Маргуч…