Томовски: Публиката нѝ даде ветер во грб

Голманот на Вардар, Мартин Томовски беше одлично расположен за игра и придонесе многу во моментите кога се создаваше разликата. Тој го заврши натпреварот со десет одбрани така што добива дел од заслугите за високата победа против Мешков Брест од 35:27.

„Имавме одлично отворање на натпреварот. Имавме предност која ја контролиравме. Ние сме нова екипа и сè уште се пронаоѓаме, а верувам дека во иднина ќе бидеме многу подобри. Им честитам на моите соиграчи за победата и би сакал да искажам голема благодарност до публиката која нѝ даде голем ветер во грб“, изјави на пресот после натпреварот, Мартин Томовски.

Тој влегува во одлична форма и е стандарден уште од почетокот на подготовките што секако е добро за Вардар бидејќи добива голман на кој ќе може да смета во иднина.