Селекторот Лазаров со прва прозивка на пладне

Новиот селектор Кире Лазаров денеска на пладне ќе ја има првата прозивка на националниот тим кој го очекува двомеч со светскиот првак Данска во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Тој ќе биде активен на теренот, а во стручниот штаб ќе бидат Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Бранко Ангеловски и Билјана Црвенковска.

На списокот има 23 ракометари, кои пред собирот ќе мора да направат и ковид тест, а комплетирањето веројатно ќе се случи во понеделник, со оглед на тоа што викендов дел од интернационалци имаат клупски обврски.

Првиот меч со Данска ќе се игра на 11 март во Скопје, додека вториот е на 14 март во Алборг.