Познати домаќините на Ф4: Кадетите за титула во Богданци, кадетките во Прилеп

Ракометната федерација на Македонија ги одреди домаќините на завршните турнири во кадетските лиги.

Кај момците, организатор на Ф4 турнирот ќе биде Младост Богданци во салата „Млаз“, додека кај девојките, организатор на Ф4 ќе биде Деспина во салата „Р.Р.Ричко“.

Завршните турнири во двете конкуренции ќе бидат одиграни во текот на утрешниот ден, и полуфиналните дуели и натпреварите за титула.

Кадети, Ф4, Богданции

11:00, Младост Богданци – Вардар
13:00, Струга – Металург
17:30, меч за трето место
19:30, финале

Кадетки, Ф4, Прилеп

11:00. Стружанка – Вардар
13:00, Деспина – Металург
17:30, меч за трето место
19:30, финале