Победнички старт на Скопје, сигурна победа кај Јехона

Ракометарите на Скопје имаа успешен старт во плеј-офот од Првата лига откако на гостувањето кај Јехона остварија сигурна и убедлива победа со 26:36.

Гостите од Скопје максимално влегоа во натпреварот и уште од почетокот започнаа да ја градат предноста. Поведоа со 1:4, а потоа со одличен период Скопје направи серија од 5:0 и веќе имаа висока позитива.

До крајот на првиот дел Јехона беше немоќна да се спротистави на противникот и имаше големо заостанување. После 30 минути игра беше 10:21 со што Скопје беше многу блиску до победата. Во вториот дел натпреварот продолжи во ист ритам и гостинскиот тим освои лесни бодови.

Со овој триумф Скопје најави дека ќе биде еден од кандидатите за првото место кое води во баражот за плсаман во Супер лигата. Најефикасен во победничкиот тим беше Марио Мишевски кој постигна десет гола, а исто толку постигна и Мојсие Таески во составот на Јехона.