Металург ремизираше со Беса во меч со 66 голови

Металург од денеска е во дводневна посета на Пеќ, каде е планиран пријателски двомеч со косовскиот шампион Беса.

Првата од двете средби заврши со резултат 33:33 (17:16). Двајцата тренери го искористија натпреварот за воигрување на своите состави и за реализирање на своите замислени тактики.

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одигра и втората средба, после која Металург ќе се врати во Скопје.

По двомечот со екипата на Беса, Металург ќе одигра уште еден пријателски натпревар, против Тиквеш, а оваа средба ќе се одигра во Автокоманда на 29 јануари.