Манасков и понатаму лидер на стрелците во Веспрем (ФОТО)

Репрезентативецот на Македонија, кој настапува на позицијата лево крило, Дејан Манасков и понатаму е лидер на Веспрем на листата на стрелците за оваа сезона.

После 45 одиграни натпревари во овој шампионат, Манасков има 145 погодоци. Со нив се наоѓа на првото место на листата со два гола предност во однос на Петар Ненадиќ и Андреас Нилсон.

Манасков има добра форма од почетокот и секогаш има голем ефект на теренот со што е од голема помош за своите колеги.

Góllövőlista 45 mérkőzés után.
#RedUnited

Posted by Telekom Veszprém Handball Team on Среда, 05 мај 2021

 

Повредата може да го спречи да направи предност, но дефинитивно би требало да се врати наскоро и одново да донесе плус во нападот на својот тим.