Македонија нема да игра на Мундијалот во Египет!

Машката ракометна репрезентација на Македонија нема да игра на Светското првенство во Египет следната година и ќе го прекине континуитетот на настапи на големите натпреварувања што трае од 2012 година.

Светската ракометна федерација реши да ги додели вајлд-картите на Полска и Русија, а иако според пласманот на Европското првенство, Македонија требаше да патува во Египет.

Сега се познати 30 учесници, а треба да бидат пополнети уште две места – победникот од Првенството на Северна Америка и Карибите, а таму голем фаворит е САД и квалификацискиот турнир во Јужна Америка.

Mакедонија требаше да игра бараж натпревар со Франција, но тој беше откажан поради коронавриусот, а сега останува да чекаме да биде откажан турнирот во Јужна Америка, и тоа место да припадне на репрезентација од европскиот континент.