„Германија селектира од два милиони, а ние од 100 деца правиме селекција“

Дел од играчите со кои Темелков испишуваше успеси сега го сочинуваат стручниот штаб на националниот тим и водат нова генерација на ракометари. Тој смета дека Македонија со самиот континуитет на големите натпреварувања пишува големи успеси. Задоволен е и од она што го гледа, смета дека машкиот ракомет има иднина.

„Во последно време се е подостапно, па можам и натпревари од Суперлигата да следам и можам да кажам дека домашното првенство е можеби најсилно досега. Имаме квалитет, добри момци и ракометари во кои гледам иднина. Кога ќе помислам дека Германија селектира од два милиони за да извади квалитет, а ние од 100 деца правиме селекција. Имаме генерации кои доаѓаат, а ми се допаѓа и она што сега го гледам во А репрезентацијата. Како мала држава правиме успеси и со самиот факт дека повеќе од една деценија држиме континуитет на големите натпреварувања. Мора и да бидеме реални – околностите се различни. Ние со години и години игравме квалификации за да дојдеме на ЕП или СП, а тие тоа го имаат секоја година. Но, потребно е време да се ’искалат’, да се победи и тој страв. Мора да им се даде шанса и да згрешат. Затоа што и во мојата генерација постоеше страв, ние исто така многу шанси пропуштивме, но преку тие потешкотии прераснавме во една голема екипа и сфативме дека на едно големо натпреварување сме исти со сите и имаме исти шанси како сите. Низ истото мора да минат и овие генерации“, вели Темелков.

Комплетното интервју со Владимир Темелков можете да го прочитате во продолжение.

ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР ТЕМЕЛКОВ: Тимот од Србија 2012 најмногу загуби кога некои играчи добија статус на ѕвезди!