Двата сестрински тимови, Ѓорче Петров и Ѓорче Петров 2, стартуваа победнички во новата сезона од женската младинска лига.
Ѓорче Петров славеше на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле СУ со 36-25, а предводнички во триумфот беа Клара Филимановски со десет и Магдалена Костадиновска со осум погодоци. Во домашниот состав се истакна Нина Крстева со осум гола. На паузата гостинските водеа со 20-9, а во вториот дел немаше неизесности во поглед на победникот.
Ѓорче Петров 2 имаше победнички старт и запиша триумф против Пелистер со 32-24. На паузата беше 13-10 за младите „лавици“, битолчанки на двапати во второто полувреме се доближија на минус два, но немаа сили за камбек. Марија Димоска и Антонела Ѓероска со по седум гола беа најдобри кај победникот, додека кај Пелистер, осум погодоци постигна Еџе Сејадин.
Шампионот од минатата сезона, Атлетик, оваа сезона нема екипа во оваа возрасна категорија.
Младинки, 1 коло, резултати:
Овче Поле СУ – Ѓорче Петров 25-36
Ѓорче Петров 2 – Пелистер 32-24
























