Вардарки на 9 август стартуваат со подготовки за новата сезона

Женската екипа на Вардар по долгата пауза своите подготовки за новата сезона ќе ги стартува на 9 август.

Вардарки подготовките ќе ги стартуваат од Скопје, а потоа ги очекува и учество на меѓународниот турнир „Ѓорче Куп 2021“ кој ќе се одржи во периодот од 19 до 21 август.

Пред самиот почеток на македонската лига не е исклучена можноста за неколку пријателски натпревари со домашни екипи.

Вардар освен на домашна сцена ќе се натпреварува и во Европа, односно ќе земе учество во Европскиот Куп. Противник на избраничките на Драгана Ристова во Европскиот Куп е косовскиот тим Приштина.

Минатата сезона, Вардар заврши на второто место во Женската лига. Наскоро треба да се знаат сите промени во играчкиот кадар на екипата.