Вардар немоќен, Мешков Брест води осум разлика среде Скопје на полувреме!

Во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар губат на полувреме од белорускиот првак Мешков Брест со 12-20.

На стартот се играше гол за гол до 5-5, а потоа белорускиот првак ги казни сите вардарови грешки и Вајлупов, Паниќ и Скубе стигнаа до плус четири, 5-9.

Во продолжение Вајлупов беше стрелец на голот за највисоки пет голови разлика, 7-12, но вардарци во следниот период заиграа подобро во нападот и намалија на 10-12.

Сепак повторно беа промашени два зицери, Дибиров промаши и пенал, па Мешков Брест се одлепи на 11-16 на пет минути до паузата.

Вардар – Мешков Брест (Лига на шампиони)

Вардар ги заврши натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите со пораз од 32:36 против Мешков Брест и зарши на дуел против Веспрем во осминафиналето. „Црвено-црните“ имаа подобро второ полувреме откако во првиот дел губеа со 12:20, но не беше доволно за да можат до нешто повеќе.

Беше и 12-17, а потоа уште неколку промашните напади и гостите од Белорусија стигнаа до највисоки плус осум, 12-20.

Вајлупов беше немилосрден и погоди шест пати од шест обиди, додека Скубе даде три погодоци. Кај Вардар, Дибиров постигна четири гола.