Бутел со фуриозен старт во Купот, броеше до 53 против Јехона

Ракометарите на Бутел во елиминациското коло од Купот на Македонија одиграа рутински и сигурно против Јехона триумфирајќи со 53:30. Тимот од Гостивар во спортската сала „Антон Димитров” во Бутел беше формално домаќин на денешниот натпревар.

Бутел со победата против Јехона, која ја оствари уште во првото полувреме, обезбеди пласман во четвртфиналните групи од Купот на Македонија.

Избраниците на Кристијан Грчевски стартуваа според посакуваното, тргнаа со водство од 4:0, на моменти му дозволија на прволигашот да парира и во најголемиот дел од натпреварот забележителна беше разликата и квалитетот меѓу двете екипи.

Кон средината на првото полувреме резултатот беше „плус пет“ за ракометарите на Бутел, кои за десетина минути зголемија на двоцифрена разлика, лесно стигнуваа до реализација и на пауза заминаа со предност од 25:13.

Бутел во продолжението рутински ја чуваше предноста и ја зголемуваше. Грчевски на овој дуел шанса им даде на сите ракометари од клупата. Јехона не можеше да ја преполови негативата, сѐ почесто правеше технички грешки, па така ракометарките на Бутел ја надоградија високата предност за конечни 53:30.

Најефикасни во победничката екипа беа Петар Цветковски со осум и Филип Николов со седум гола. Во поразениот табор најрасположен беше искусниот Мојсие Тасески со десет погодоци.

Куп на Македонија, елиминации:

Јехона –  Бутел Скопје 30-53
09.дек 12:30 Вардар – Мулти Есенс
09.дек 18:30 Аеродром – Пролет
09.дек 18:30 Вардар Неготино – Партизан Гевгелија
09.дек 19:30 Тиквеш – Кичево
10.дек 12:00 Јуниор КВ – Драчево
10.дек 12:00 Алкалоид – Астраион
10.дек 14:00 Прилеп – Металург РА
10.дек 15:30 Голден Арт – Овче Поле
10.дек 16:00 Еурофарм Пелистер – Текстилец
10.дек 16:00 Радовиш – Преспа
10.дек 17:30 Младост Богданци – Охрид
10.дек 18:00 Струга – Македонија ЃП
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2