Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски се одлучи за составот со кој тимот ќе настапува во новата сезона, а во него ќе има вкупно 21 ракометар.
Во составот останаа само дел од помладите ракометари, а се работи за Марко Кизиж, Давид Гашоски, Мартин Карапалевски и Давид Ставревски. Другите кои тренираа во досегашниот дел од подготовките се отстапуваат во Работнички, кој ќе биде практично наследник на Вардар јуниор бидејќи тренер на овој тим е Стојан Петрушевски.
Ова значи дека на позајмица во Работнички одат Стефан Атанасовски, Ален Ќосевски, Васил Гогов и Стефан Крстевски.
Оттаму тимот на Вардар за новата сезона ќе го има следниот состав.
ГОЛМАНИ: Борко Ристовски, Робин Кантагрел, Марко Кизиќ
ПИВОТИ: Стојанче Стоилов, Глеб Калараш, Давид Гашоски, Патрик Валчак
КРИЛА: Димитар Димитриоски, Тимур Дибиров, Гоце Георгиевски, Иван Чупиќ
БЕКОВИ: Мартин Карапалевски, Кристијан Дисингер, Филип Талески, Анте Гаџа, Томислав Јагуриновски, Марко Вујин, Јосип Векиќ, Давид Ставревски, Ловро Јотиќ, Марко Мишевски
Со оглед на тоа што турнирот во Кањижа е откажан главната проверка за „црвено-црните“ ќе биде струшкиот турнир, а сезоната почнува на 29 август кога во Скопје треба да гостува екипата на Нексе во реванш натпреварот од четврт-финалето во СЕХА од минатата сезона.
Вардар и во новата сезона ќе се натпреварува во првиот дел во Лигата на шампионите и во СЕХА, а потоа во вториот дел од сезоната и во плеј-офот од домашното првенство и во Купот на Македонија.