Поранешниот селектор на Македонија, Звонко Шундовски, ќе биде заменикот на Бранко Ангеловски на клупата на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Тој ќе ги води битолчани додека да биде назначен нов тренер, а тоа значи најмалку на следните натпревари во ЛШ против Веспрем и Фредериција, односно од Супер лигата против Радовиш, кои се на програмата до ЕХФ неделата.
Шундовски е дел од клубот како тим-менаџер, доволно ги познава ракометарите и нема да има потреба од адаптација во средината.
Клубот ја продолжува потрагата по ново решение на клупата и наскоро би требало да биде познат наследникот на Бранко Ангеловски.