Членката на Вардар, Леона Миленкоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 5. коло во единственото женско сениорско натпреварување.
Младинската репрезентативка на Македонија игра во одлична форма и беше меѓу најдобрите во победата над Шампион.
Миленкоска немаше голема конкуренција на гласањето, доби околу 75% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров.
Во конкуренција за ѕвезда на 5. коло беше и голманката на Куманово, Марија Јовановска.