ЅВЕЗДА НА 3. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ВО ЖЕНСКА ЛИГА – МАРИЈА ЈАНКУЛОВСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Ракометарката на Металург Автокоманда, Марија Јанкуловска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 3. коло од плеј-оф фазата во единственото женско сениорско натпреварување.

Битолчанката беше на висина на задачата на натпреварот против Куманово, зад своето има запиша пет погодоци и подели неколку асистенции кон своите колешки.

Младата Јанкуловска на гласањето доби околу 53% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Стефанија Ѓорѓиевска со 43%.

Во конкуренција за ѕвезда на 3. коло од плеј-офот во Женската лига беше и ракометарката на Ѓорче Петров, Ивана Дежиќ.