Завршните турнири во Купот на Македонија од 17 до 19 мај

Завршните турнири во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција ќе се одржат од 17 до 19 мај годинава.

Кај мажите и кај жените допрва треба да се одиграат натпреварите од групната фаза па ќе биде познато кои екипи ќе бијат битки за трофеите.

За четири билети за Ф4 во машка конкуренција ќе се борат 16 екипи – 15 суперлигаши и еден прволигаш, додека кај жените во трка за четирите места на Ф4 ќе бидат 14 екипи.

Групната фаза во машка конкуренција во Купот на Македонија ќе се одигра на 23 и 24 март, кога ќе бидат познати четирите патници на Ф4.

Трофеите во ова натпреварување ќе ги бранат Вардар кај мажите и Куманово кај жените.