Хрватскиот шампион Загреб денеска потврди дека се продолжени соработките со осум од ракометарите што се дел од ростерот оваа сезона.
Левите крила Тимур Дибиров и Давор Чавар потпишаа нови договори до 2025, односно до 2026 година, додека остануваат и двајцата пикери Адин Фаљиќ и Патрик Валчак, кои се обврзаа на верност до 2026 година.
Нови договори потпишаа и капитенот Јаков Гојун до 2025, како и десниот бек Лука Ловре Кларица, голманот Матеј Мандиќ и средниот бек Алекс Кавчиќ, кои ќе останат д 2026 година.
Од клубот заминуваат Златко Хорват, Един Клис, Алјаж Пантјар, Kуни Моралес и Карпо Сиротиќ, додека Иван Чупиќ ја завршува кариерата, но останува во клубот како дел од стручниот штаб.
Од играчкиот ростер оваа сезона актуелни договори имаат Кос, Срна, Грбавац, Сухолежник, Главаш…а од засилувањата се потврдени средните бекови Игор Белјавски и Ивано Павловиќ, како и десниот бек Михајло Радојковиќ.