Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, немаше ниту еден ден одмор по завршувањето на Европското првенство во Словенија.
Тој утринава го започна својот нов клупски предизвик во словенечкиот Тримо Требње, и го имаше првиот тренинг со неговите нови избраници.
Стојановиќ нема пауза практично од стартот на подготовките за пролетната полусезона со Тиквеш, а по крајот на Супер лигата, веднаш почнаа подготовките со младинската репрезентација.
Македонскиот стратег ќе го нема на располагање најголемото засилување на стартот на подготовките, Урбан Лесјак, кој ќе настапи на Олимписките игри во Париз со словенечката репрезентација.
Тримо Требње ќе има голем предизвик во квалификациите за Лигата на Европа и ќе се соочи со францускиот Лимож.