Македонското трио – тренерот Борче Марковски, неговиот асистент Перо Арсовски и ракометарката Бети Петковска се радуваа на втор трофеј на Малта во рок од дваесетина ден.
Триото од тимот на Ла Сал, славеше во пресметката во Супер Купот на Малта против големиот ривал Кавалиери со 26-25, иако губеше со осум гола разлика во текот на натпреварот.
Претходно, Ла Сал беше подобар од истиот ривал, но во финалето на Купот на Малта, со убедливи 31-18.
Марковски, кој е поранешен селектор на женската младинска селекција на Македонија, од минатото лето работи на Малта.
Арсоски е екс ракометар на Струга, кој одамна има играчка и тренерска кариера на острово, исто како и Петковска, некогашната членка на Куманово и Гевгелија.