Втор пораз на Швајцарија во подготовките за ЕП

Селекцијата на Швајцарија, која е ривал на Македонија на претстојното Европско првенство 2024 година, доживеа уште еден пораз на „Кемпа Трофеј“ во Тунис.

Швајцарија откако во првиот натпревар беше поразена од Тунис со 31:22, на вториот натпревар не успеа да се израдува на победа и загуби од Португалија со три гола разлика, 29:26.

Во рамки на споменатиот турнир, домаќинот Тунис одигра нерешено со Австрија, 31:31.

Германија, уште еден ривал на Македонија на ЕП 2024 година, одигра реми, 31-31, со селекцијата на Египет, додека Исланд беше убедлив против Фарски Острови и победи со 39-24.