Хрватскиот првак Загреб славеше убедливо со 34-25 на гостувањето кај Колстад и сега му треба само бод во преостанатите две кола за потврда на местото во елиминациите, во случај норвешкиот тим да слави две победи.
Тренерот на Загреб, Андрија Николиќ, по мечот беше презадоволен од триумфот, иако немаше на располагање двајца важни ракометари – Срна и Кларица.
„Што да кажам сега, овие играчи и овој тим се чудо. Без двајца толку важни ракометари во составот, да одиграте ваков натпревар, дисциплинирано и организирано – капа долу. Заслужија да бидат во Лигата на шампионите. Дефинитивно не беше лесно. Се случи и тој пад во вториот дел, што е и нормално. Најважно беше да не примаме лесни голови, бидејќи Колстад е силен во транзиција. Сите играчи дадоа 600% од себе. Сухолежник одигра најдобро откако е во Загреб и покажа дека може. Сите беа одлични, ова е победа на цела екипа“, изјави Николиќ.
Загреб го пречекува ПСЖ во следното коло, додека Колстад ќе му гостува на полскиот првак Келце.