Во суперлигашкиот дуел на новите прволигаши славеше тимот од Автокоманда

Во суперлигашкиот дуел на новите прволигаши – Скопје и Мулти Есенс, на победа се радуваше тимот од Автокоманда, кој триумфираше со пет гола разлика, 40:35 (22:17).

Иако Скопје настапи без својот прв стрелец, левиот бек Давор Шокоски, сепак даде голем отпор против гостинскиот состав.

На крајот пресуди поголемото искуство на тимот од Автокоманда, кој на денешниот натпревар го имаше расположениот Димитар Узунчев.

Членот на „сино-белите“ имаше дури 14 погодоци во мрежата на домаќините, а го следеше Божидар Илиески со шест реализации.

Во поразениот табор прв стрелец беше Бојан Чакалиќ со девет погодоци, шест постигна Владо Ристески, пет реализации запиша Андреј Божиновски.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142