Тројца репрезентативци на Македонија – Ѓорѓи Николовски, Марко Ѓорчески и Бобан Поповски ова лето практично ќе немаат одмор, но се во служба на националниот тим.
Тие настапија на младинското Европско првенство во Романија, а ќе бидат дел и од составот на кадетите што веќе се подготвува за настап на континенталниот шампионат во Србија. Претходно имаа две недели одмор по завршувањето на клупската сезона, а по крајот на ЕП за кадети, ќе се приклучат на подготовките на своите тимови.
По три дена пауза и одиграни осум натпревари во Романија, тројцата ќе му се приклучат на составот на Горан Кузманоски во третата фаза на подготовки за Европското првенство.
Без нив тројцата, Македонија славеше два пати на пријателските натпревари против Грција со 31-29 и 26-20.
На ЕП, македонските кадети се наоѓаат во тешка група и ќе играат против селекциите на Франција, Словенија и Шведска.


























